Магијата на празниците е пред нас, но дали би ја почувствувале без познатата елка PICEA која е многу позната како божиќното дрво…

На прагот од почетокот на божиќните празници, решивме да споделиме некои интересни приказни кои што би биле добра дискусија за обожавателите на божиќната магија и вистинските елки.

ЛЕГЕНДАТА ЗА БОЖИЌНОТО ДРВО

Многу одамна постоел сиромашен дрвосечач кој со своето семејство живеел длабоко во шумата. Во Божиќната ноќ кога скромно прославувале, слушнале тивко тропање на својата врата, а кога отвориле да видат кој тропа пред себе здогледале младо момче кое било со сокинати алишта, бледо и изнемоштено.

Следното утро, семејството било разбудено од најубавата песна што досега ја слушнале. Следејќи ја прекрасната мелодија, погледнале преку прозор.

Надвор стоело младото момче заедно со ангелски хор и пееле преубава божиќна песна. Младото момче сега носело блескава наметка и штом го здогледал дрвосечачот и неговото семејство изговорил:

— Јас сум детето Христос, ја примив вашата љубезност и сега сакам да ве наградам со мојот подарок…
Христос скинал мало гранче од најблиското дрво кое било зимзелена елка и ја засадил во нивниот двор. Потоа повторно им се обратил:

— Од овој ден, па се до навек, ова дрво ќе дава плод секој Божиќ така што вашето семејство ќе има доволно дури и во ладната зима.

Додека стоеле гледајќи и неверувајќи, дрвото што било засадено почнало да расте и да дава прекрасни црвени јаболки и златни лешници. Зачувувајќи ја традицијата семејството секоја година се собирало околу волшебната елка и пееле божиќни песни.

Иако ова е само една од кратките приказни што ги подготвивме за вас, се надеваме дека уживавте.

Нека оваа приказна не потсети на љубезноста и солидарноста која треба да ја даваме секој ден од годината, и воедно да не ја заборавиме магијата која ни ја носи божиќното дрво.

Фамилијата PICEA се состои од околу 35 видови и е најзастапена во северните делови од планетата земја. Зимзеленото дрво кога е доволно старо успева да достигне до 20–60 м. висина. Може да доживее и до 200 години старост, но, најчесто својата граница ја достигнува во 50та или 60та година од своето живеење.

Доколку сте заинтересирани да го разубавите својот простор со зимзелени дрва, елки, грмушки погледнете го нашиот каталог:

ПРИТИСНИ ОВДЕ: http://bit.ly/2rLu1eF